20
мар
2014
Посен ручек-печен крап со вино
Крапот го спремамае од вечер, го премачкуваме со сенфот, солта, лукот, магдоносот, пиперта и мешаниот сув зачин.
Наредниот ден ги сечкаме морковите, крапот го ставме во тавчето во кое ќе го печиме, го додаваме виното, маслото и вода по потреба.
Ја покриваме рибата со фолија и ја печиме.
Покриена ја печиме на 200 степени околу еден час, потоа ја вадиме фолијта и ја печиме уште 40 мин.но ја вртиме од двете страни.
Во рибата односно во сосот ставете повеќе моркови и лук ако сакате да имате повеке сос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови