2
окт
2022
Полнети феферончиња во шише
Пиперчињата се мијат и се сушат.
Откако се убаво исушени се дупчат со игла и се редат во шишенца.
Ако немате шишенца, можете да ги соберете и во тегли.
Доставаме по 1 мало лажиче сол и 1 мало лажиче шеќер.
Дополнуваме со оцет.
Затвараме добро и креваме на полиците за зимница.
Имав правено често пати пиперчиња на сличен начин,но ги дополнував со филџанче оцет и остатокот со вода.Ова е само оцет.
Пиперчињата се одлични, не им треба ни конзерванси, ни ништо друго.
Остануваат убаво жолти и крцкави.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови