17
мар
2012
Полнети суви смокви
Најпрво ги мешаме мелените бисквити со шербетот и маргаринот, додека добиеме хомогена смеса, а во меѓувреме ги ставаме смоквите во вода да отстојат малку за да омекнат. Потоа ги полниме смоквите со претходно исецканите желе бомбони, но може и со цели јатки од ореви, па секоја смоква ја обвиткуваме со смесата од бисквити и најпосле ги валкаме во мелените ореви. Кога ке бидат готови ги оставаме во фридижер да се здрват малку, а потоа ги сечеме на половина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови