Погача со виршли
Во топлото млеко ставаме квасец, лажиче брашно, шеќер.
Промешуваме и остаавме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, сол, јогурт, масло, половина јајце,
соединуваме со вилушка, па додаваме брашно.
Замесуваме средно, меко тесто.
Го покриваме и остаавме да се дуплира.
Потоа го делиме на 3 дела, топки.
Од првиот дел расукуваме правоаголна кора, ја премачкуваме со путер и ја завиткуваме како ролат.
Ја оставаме на страна.
Од втората кора пак формираме правоаголна кора, ја премачкуваме со путер.
На почеток на оваа кора го ставаме завитканиот ролат, а другиот крај по должина го засекуваме.
Сега заедно виткаме ролат.
Го поставауваме во тава бр 24, обложена со хартија.
Некако формираме како потковица,
Средината ја оставаме празна.
Од останатата трета топка прави многу мали топчиња, 16.
Секое со рака или сукало малку го рашируваме .
Ставаме една врз друга, по малку да се преклопуваат по 4.
На почеток ставаме виршла и заролуваме.
Сечиме на средината.
Значи од едно парче формираме 2 цветчиња.
Треба да формираме 4 ролнички
Ги поставауваме во празниот простор.
Премачкуваме со јајце, по крајот нежно наросуваме сусам.
Оставаме на топло 20 минути, па печиме во загреана релна на 190 околу 30 минути.
Нека подизлади врз кујнска решетка, па ја послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани