Погача грозд
1. Во сад се ставаат сите состојки освен брашното, се меша со лажица.
2. Постепено се става брашното месејќи, се додека да се добие нелепливо тесто.
3. Тестото се остава да нарасне 30 минути.
4. Потоа се размесува правоаголна кора, се сечат краевите да се израмне кората, а истите ќе се користат за формирање на дршката на гроздот.
5. Кората се премачкува со маргарин, а потоа со крем сирење, се витка ролат кој се сече на 14 парчиња.
6. Во премачкана со маргарин тава се редат пресечените парчиња (како на дополнителната слика) и се формира грозд.
7. Се премачкува со жолчка, се наросува со сусам и со миксот на семиња, стасува уште 30 минути и се пече на 180 степени 25 до 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани