Може да бидат топло предјадење, ручек, вечера. Нам многу ни се допаднаа. Ви ги препорачувам да ги подготвите

Подготовка:

1. Прво компирите ги вариме и оставаме да се изладат. Сега во еден сад ставаме масло, го додаваме сецканиот кромид, запржуваме, па ја додаваме сецканата сланина. Запржуваме, зачинуваме, па ги додаваме шампињоните сечени на листови. Пржиме додека не испари течноста.
2. Во еден сад ги соединуваме пасираните компири, јајцето, смесата од шампињони. Додаваме сецкан магдонос и рендан кашкавал. Поврзуваме се заедно и додаваме презла.
3. Со влажни раце формираме плескавици кои повторно ги валкаме малку во презла.  Ги пржиме на загреано масло. Ги редиме на хартиени салфетки, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани