Пишии со кисело млеко (мекици, тиганици)
Меѓу повеќето рецепти за пишии (мекици, тиганици) еве го и мојот рецепт за меки, шупливи внатре, превкусни пишии за појадок...топло ви ги препорачувам.
Подготовка -
- Замесуваме тесто од сите наведени состојки, од кои брашното го додаваме на крај и постепено.
- Се замесува убаво, меко и мазно тесто, кое го намрсуваме со зејтин и го покриваме со стреч фолија, па го завиткуваме во чаршафче и го оставаме да стаса околу 1 час.
- Во загреано масло ставаме да се пржат пишиите, на тој начин што кинеме од тестото и тоа делче го развлекуваме со малку намрсени раце.
- Додека се пржат од едната страна, со помош на лажица прскаме од жешкиот зејтин врз другата страна (на тој начин се шупливи пишиите внатре), па превртуваме од другата страна да се допржат.
- Ги вадиме врз салфета за да се впие вишокот маснотија...иако воопшто не се мрсни.
Забелешка - пишиите се неутрални по вкус, можете да ги јадете во солена или пак блага варијанта - по желба.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ама без разлика како и да ги нарекуваме превкусни се