Едноставна интересна солена плетенка. Вкусот на пица ќе ги задоволи и најпробирливите.
Подготовка
Во пластичен сад го ставаме брашното на средина го активираме квасецот шекерот со топлото млеко.Солта ја ставаме на краевите,зејтинот и јајцето ги додаваме и замесуваме со млакото млеко.Тестото го оставаме да стаса еден час. Откако ќе стаса оделуваме три топки кои ги расукуваме во три ролати. Секој ролат го премачкуваме со кечап рендаме сирење и шунка посолуваме оригано и мотаме три ролата.
Краевите ги спојувме и плетеме плетенка која ја премачкуваме со јајце и зејтин. Плетенката ја печеме на 200 степени додека не добие златна боја.
Добар апетит!!!
Забелешка
Во филот може да додадете кашкавал, печурки...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани