Пица-Макарони
На сите нас ни се случува понекогаш да ни остане од некое јадење што сме го зготвиле, па најдобар начин секако е да се искористи најдобро што може, без да го фрламе. Еве еден интересен и вкусен предлог од мене за овие рециклирани Пица-Макарони, кои нас ни беа превкусна вечера.
Подготовка
1. Сварените макарони ги буцкаме на стапчиња за ражничиња, одозгора им ставаме кечап, рендан кашкавал, рендано чадено пилешко филе, па павлака, пченка, сусам и оригано.
2. Изборот на состојките во случајов е индивидуален, ставете тоа што си јадете или едноставно тоа што имате дома во моментот, но гледајте да има кашкавал, бидејќи тој се растопува и ги спојува состојките.
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени - 10 минути.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Следува и рецепт
Знам дека е вкусно