Брашното и јогуртот се мерат со иста чаша.
Замесуваме тесто од брашното, јогуртот, пецивото и сол. Ако тестото ви е лепливо додадете уште малку брашно.
На намрсена тава растегнете го тестото за пица. (Нема потреба од стасување)
Намачкајте го со кечап, изрендајте кашкавал, салама и друго што сакате.
Ставете да се пече на загреана рерна на 200 степени, 15 минути,
Пицата е готова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови