Пита со јаболка
Во подлабок сад се става брашното во кое се додава јајцето, шеќерот и измешаната вода со млеко, квасецот, малку сол и сето тоа се замесува. Тестото се остава да постои 1/2 час.
Кило јаболка се рендаат, се додава 3 лаж. шеќер и 3 лаж. гриз и малку цимет за вкус.
Тестото се дели на поголем дел и едно мало делче за правење ленти одозгора. Поголемиот дел се расукува и се премачкува со маргарин, се превиткува три пати, повторно се премачкува и повторно се превиткува три пати.
Потоа се расукува во големина на тавчето во кое ќе се пече и се става во намачкано тавче. Одозгора се распределува филот од јаболка, па потоа од преостанатото тесто се сечат тенки ленти и се редат одозгора како на сликата. На крајот се попрскува со зејтин.
Се пече во загреана рерна на 220° околу 20 мин.
Кога е готова, се посипува шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови