Прво ја вариме тиквата.
Потоа исчистената тиква ја ставаме во цедалка да одстои барем еден час, да се исцеди доообро.
Најчесто ја варам навечер, па преку ноќта ја оставам во цедалка.
Питата ја подготвувам наутро.
сега на исцедената тиква и додаваме по вкус шеќер, ванила, цимет, ѓумбир, кардамом, јајца, суво грозје, кое може претходно да биде потопено во малку рум.
Соединуваме убаво.
Во друг сад ги соединуваме сите состојки за премаз.
Ги броиме корите.
Одприлика во 250 гр треба да има 9-10 кори.
Значи формираме три ролати со по 3 кори.
На работната маса ставаме прва кора, ја премачкуваме со подготвениот премаз, па оди втора кора, па премаз, па трета кора, премаз.
На почеток на корите ставаме од филот со тиква.
Одокативно целиот фил го делиме на 3 дела за да имаме поддеднакво за сите штрудли.
Сега виткаме ролат.
Постапката е иста до истрошување на состојките.
Ги редиме ролатите во танко подмачкана тава, па одозгора ги премачкуваме со преливот кој ни останал.
Посипуваме кафен шеќер.
Печиме околу 30 минути во загреана релна на 190-200 с.
Оставаме малку да се излади, па сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани