Пита од бајат леб
1. Лебот издробете го ситно во поголем сад. Млекото стоплете го и во него измешајте го јајцето и зејтинот. Посолете го лебот по желба и додадете го млекото во него. Измешајте да се изедначи (ќе добиете тестеста смеса) и оставете го да отстои. За тоа време исечкајте ги ситно виршлите и издробете го сирењето. Виршлите и сирењето додадете ги кај лебот и се убаво измесете да се изедначи. Целата смеса ставете ја во намастена тава (бр 26) и ставете во загреана релна на 220 степени да се пече околу 20-25 мин.
Може да комбинирате со што сакате (што ви се најде во фрижидер).Ова е еден вкусен инстант појадок или вечера. Многу бргу се прави, а вкусот е мммммм.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови