26
мар
2012
Пилешка тава
Пилешкиот стек го сецкаме на коцки и го пржиме во тава со загреано масло. Откако стекот убаво ќе се испржи, се додава брашното и уште малку се пропржува, се додава водата, павлаката и зачини по желба (кари, оригано, зачин за пилешко, лук во прав...) Сето убаво се меша и се трга од оган. Се сервира со варен ориз приготвен со златна мешавина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови