- Месото од плешка или цела плешка заедно со коската премачкајте со зејтин и врз него убаво втријте ги осатокот од зачините (сенф, сол, сувиот зеленчук, биберот, мелениот црвбен пипер. Покријте и така нека одлежи 2 часа.
- Во тавче со капак или доколку немате такво тогаш ќе го покриете со фолија, ставете го одлежаното месо, додадете ја, маста, олупениот портокал, добро измиениот и нелупен кромид и сувите сливи, целото ова залијте го со вода. Поклопете или затворете со филија, нека се пече на загреана рерна од околу 230 степени но откако ќе зоврие течноста, намалете ја температурата на 160 степени и нека се пече околу 1-1/2 час.
- Отворете го садот и нека продолжи да се пече уште додека да добие убава боја месото. При самиот крај залијте го пивото и пак нека продолжи да се пече.
- Откако сте го отвориле садот, внимавајте да не ви испари течноста, а доколку тоа се случи слободно додадете вода и нека тоа зоврие. Потребно е да имате течност заради сосот.
СОС
- Исцедете ја течноста во сад, во неа додадете го портокалот, сувите сливи и сега олупен кромид. Изблендирајте.
- Сервирајте и уживајте.
- Доколку спремате поголема количина на месо или плешката е потешка, тогаш според тежината зголемувајте ги и состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани