Печена тиква со овошно полнење (посно)
Од мене еве еден прекрасен предлог за Бадник, печена полнета тиква, декоративна, а воедно и многу вкусна. Користев тиква за печење со долгнавеста форма, дел ја испеков на помали парчиња, а делот од дното го искористив на овој начин. Тиквата беше со пречник околу 15 см и висина 5 см.
1. Парчето од тиквата кое личи како чинија, се чисти од семките, се става на тава обложена со хартија за печење и се пече во рерна 1 час со фолија на 200 степени.
2. Во сад се става јаболкото(излупено, изрендано), се става лимоновиот сок и се меша, а потоа се додаваат останатите состојки и се изедначува мешајќи.
3. Тиквата се вади од рерна по 1 час печење и со лажица се полни со претходната смеса. Се пече без фолија додека да се испече полнењето и да зарумени.
Изладена, тиквата се посипува со сечкани ореви, по желба мед, а пресекот личи како да е торта.
Среќни празници!
(504)
Лиценца: Сите права се задржани