Рецепт на мојата ќерка
Во длабок сад ги разделуваме листовите стек.
Ги попрскуваме со сок од еден лимон, потоа им ставаме зачини.
Откако добро ги промешавме меѓу нив ќе ставиме и парчиња сечен лимон, па со фолија ќе ги прекриеме и оставиме 30 минутки во фрижидер.
Во меѓувреме го кршиме тортиља чипсот на мали делчиња.
Секое парче стек го валкаме во парчињата чипс и ги редиме на хартија запечење.
Печеме во загреана рерна 25минути. ( зависи од рерната,ќе си видите сами )
Печените стекчиња се и крцкави и меки. Совршени .
Нека ви е на здравје.

Забелешка
Јас ставив чипс само со сол што е.
Има со разни вкусови,изборот направете го сами.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови