Млекото во прав, шеќерот и путерот (стоен на собна температура) се месат со рака со постепено додавање на сокот од портокал.
Кога ќе се добие изедначена смеса се додаваат оревите и желето бомбони и правиме бомбици.
Декорирајте по желба.
Јас понекогаш во оваа смеса додавам и малку рендана кора од портокал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови