Паштета со наут и авокадо (сурово, веган, посно)
Едноставна, многу здрава паштета бидејќи сите состојки се сурови и ги задржуваат хранливите состојки. И овој рецепт е од мојата пријателка Сузана од Велес, на која и се заблагодарувам за убавите рецепти што ги сподели со мене
~ Подготовка ~.
Наутот се става во вода од вечер, наредниот ден веќе омекнат не се вари туку се става во блендер. Месото од авокадото со лажица се вади од лушпата, се става во блендерот, се додаваат маслото, лимоновиот сок, лукчето и зачините.
Се блендира сето додека да се добие убава смеса налик на паштета.
Авокадото ја дава убавата кремаста текстура на паштетата и прави наутот да не се чувствува дека е суров (кој и таков е вкусен).
Одличен за на потпечено лепче, некој крекер, со салати ...
Лиценца: Сите права се задржани