1. Јајцата се матат со миксер и во нив се додаваат (постепено и мешајќи со миксерот) масло, млеко, сол, брашно измешано со прашок за печиво, минерална вода и на крај палентата. Се меша со миксер додека не се добие хомогена смеса.

2. Спанаќот се обарува кратко (додека не омекне), а потоа се додава во смесата и кратко се меша со миксер за да се соеднини со добиената смеса.

3. На крај се додаваат ренданото сирење и сончогледот и се меша со лажица или шпатула.

4. Плехот се премачкува со масло, се наросува малку брашно по површината и внатре се става смесата.

5. Врз неа се наросува сусам и ленено семе по желба и се пече 35-40 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани