Ги имам правено во повеќе варијанти, со ореви, само со бисквити, со лешници, овој пат направив комбинација на бисквити и кокос, преубави се на било кој начин и да ги направите.

Подготовка

1. Најпрво ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот.
2. Потоа ги додаваме бисквитите и кокосот.
3. Се ставаат врз хартија за печење на која исцртуваме кругчиња со еднаква големина (од обратната страна на хартијата е бојата со која цртаме) и ги печеме на 150 степени околу 20 минути.
4. Филот се прави со матење на пареа на жолчките заедно со шеќерот во прав, да се згусне, па ги додаваме чоколадото и маргаринот.
5. Со добиениот фил ги лепиме по две од испечените падобранци.

Забелешка
Во филот додадов мелени бисквити, ама не мора ако не сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови