Освежителен колач со вишни
Иако има свежи вишни јас денес видов дека ми заостанала тегла од компотот и одлучив да го спремам овој колач повторно со компотот. Да не ја мислам теглата, нели нов треба да спремиме.
И сега вака оди подготовката
- Најпрво ставете во цедалка да се цедат вишните од течноста.
Кората
- Одделете ги жолчките од белките. Од белката со миксер сматете снег.
- Со миксер сматете ги пенасто жолчките со шеќерот и ванилата.
- Додадете млекото и зејтинот - продолжете уште малку да матите.
- Додадете го брашното измешано со густинот и пецивото. Измешајте,
- Додадете го снегот од белките и со шпатула измешајте да се спои снегот од белките и истурете во подмачкано плекче 30х18 см., ставете ги одозгора исцедените вишни и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Фил
- Ставете на потивок оган касеролата со течноста од компотот - треба да биде 450 мл. - доколку ви фали количински - додадете вода или сок од вишни. Одвојте 5 лажици од оваа количина во која ќе го растворите пудингот.
- Откако ќе зоврие течноста - тргнете од огнот, додадете го растворениот пудинг, измешајте и вратете повторно на огнот нека вари околу 1 мин,
Тргнете и налијте го филот врз печениот колач.
Совет
Пробајте си на вкус, доколку сакате да ви е филот поблаг, додадете си шеќер,
- Декорацијата на овој колач е со сматена шлаг пена или слатка павлака и е многу поличен, но јас немав и остана вака.
Лиценца: Сите права се задржани