Оризово млеко (2 начини)
Оризовото млеко најчесто се подготвува со варен ориз, но тука ќе ви презентирам и уште еден начин без варење.
Прв начин - со варење - оризот го вариме, па го процедуваме доколку има вишок вода. Го ставаме во блендер, и додаваме 4 чаши вода, и засладувач по желба (јас употребив суви урми, но може и мед, или пак да го оставите само така). Блендираме се заедно, па го процедуваме низ газа. Се чува во тегла, во фрижидер, неколку дена.
Втор начин -без варење - оризот го миеме и го ставаме во сад, покриен со вода, да кисне преку ноќ. Другиот ден го процедуваме, и следи истата постапка како претходно - блендирање со количината вода, и процедување.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови