Орев полумесечини
Презадоволна сум од вкусот и изгледот на овој десерт. Исклучително ровко тесто, прекрасен фил. Едноставно одличен десерт
Подготовка:
1. Во вангличка ставете го јајцето, шеќерот, маслото, млекото, брашното измешано со прашокот за пециво и мелените ореви и сето тоа измешајте го со миксер.
2. Набрашнете плех за печење 21x24 см или малку поголем. Може да се стави и хартија за печење Истурете и распоредете ја смесата во плехот.
3. Ставете го плехот во загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути.
4. За кремот - Во тенџере додајте исечкан путер, чоколадо за готвење, млеко и шеќер. Се става да се вари, додека не се стопат состојките. Нека врие 2,3 минути. Веднаш штом ќе го извадите на страна, додадете ги оревите.
5. Прелијте го топлиот фил врз изладеното тесто. Израмнете и наросете мелени ореви. Оставете на ладно 2, 3 часа. Потоа со помош на алатка сечете полумесечини, сервирате и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Da go probas