Се матат јајцата со шеќерот. Потоа се додава брашното, 6 или 7 лажици зависи од големината на јајцата и се додава прашокот за пециво и се меша со дрвена лажица. Се турва смесата во подмачкано тавче број 30 околу 20 минути на 180 степени. Проверете со чепкалка дали е пандишпанот готов.

Кога ќе се испече, се реди со тенко насечени кришки овошје по ваш избор.

Одозгора се прелева со 2 пакувања прелив за торта (безбоен) приготвен според упатството на ќесичките. Се прелева топол, не врел или жежок и се нанесува пополека. Ако го ставите жежок, ќе се прелее во пандишпанот и поголемиот дел ќе се впие во него, а не го сакаме тоа, туку сакаме да го задржиме на делот со овошјето.