Брзи, декоративни и вкусни снегулки

Подготовка

Во сад изматете ги убаво со миксер јајцата и шеќер, потоа додадете ги екстрактот од ванила, маслото, млекото, кокосот, брашното и пецивото. Матете уште неколку минути за да добиете еднолична смеса

Смесата ставете ја во калап со фигури - снегулки и печите на 180 степени околу 10 минути.

Белото чоколадо со кокосовото масло растопете го на пареа, па прелијте ја секоја снегулка со растопеното чоколадо.

Декорирајте по желба.

На здравје

Забелешка

Од оваа смеса излегуваат 12 снегулки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани