Меки како сунѓер, путер мафини со путер крем и празнична декорација. Се подготвуваат брзо и на едноставен начин.

Подготовка

1. Прво го подготвуваме путер кремот. Во длабок сад го миксираме путерот до добивање на убава кремаста структура. Потоа постепено го додаваме шеќерот миксирајќи цело време. На крај го додаваме ванила екстрактот и малку млеко. Боја додаваме по желба (јас во дел ставив црвена).
2. Потоа ја припремаме смесата за мафините. Во длабок сад го миксираме пенасто само путерот (околу 5 минутки). Потоа го додаваме шеќерот постепено (истовремено миксираме). Сега ги додаваме јајцата (едно по едно, миксирајќи). Брашното (соединето со пецивото) го додаваме лажица по лажица (соединуваме со шпатула или миксер). Добиваме мазна и глатка смеса. На крај додаваме лимонова кора (може и од портокал).
3. Во калапот за мафини ставаме книжни корпици и со помош на лажица за сладолед ставаме од смесата. Ги полниме до пола, и протресуваме да се израмни смесата. Печеме во загреана рерна на 160 степени (јас печев околу 15-20 минути, но сепак проверете со чачкалица). Ги вадиме од калапот и ги оставаме да оладат. Потоа декорираме со путер кремот и трошки во боја.

*Забелешка - Јас дел од нив декорирав со путер крем, на дел им наросив шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани