Нај - така велам јас... оти ми се баш така НАЈ... вкусни,
Постапка
- Во сад ставетете ги копаните, убаво ги посипете со сув зеленчук од сите страни, додадете внимателно сол затоа што и сувиот зеленчук е солен, додадете бибер, покријте го садот и оставете да одлежи неколку часа.
- Кромидот исечете го на тркалца, исто така и морковот, ставете го во садот во кој ќе печете. Сега ставете ги копаните и измешајте. Лукот излупете само од горната лушпа, пресечете ја главицата на половина, додадете во тавата. Залијте со маслото, добро покријте со фолија да не излегува пареата, или садот ако ви е со капак поклопете го, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 мин. После ова време извадете од рерната тавата, отворете или отклопете, свртете ги копаните и вратете во рерната да се продолжи да се пече откриено се додека копаните заруменеат, а течноста испари, но оставете нека има малку сос.
Послужете со зелена салата, компир... како вие обожавате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани