Мохито од лубеница во кора од лимон
Декоративно и вкусно. Во летните горештини идеално за родендени, забави.
Подготовка:
1. Прво лубеницата ја блендираме, па го процедуваме сокот, а потоа додаваме чаша ладна вода, шеќер, сок од 1 лимета, сецкано нане и желатин. Почекајте да набабри желатинот и потоа полека загревајте, додека не се раствори. Додадете ги румот и киселата вода.
2. Сега ги сечеме лиметите надолжно, на половина. Извадете ја внатрешноста која можете да ја користите за друг рецепт. Отстранете ги парчињата нане.
3. Полнете ги половинките од лимети (лимони) со смесата и ладете го неколку часа додека не се зацврсти.
Исечете го на парчиња пред да послужите.
Лиценца: Сите права се задржани