Моите киви крем палачинки
Темата палачинки е една од омилените на сите членови на моето семејство.
За начинот на печење на палачинките нема да пишам долго.
Стандардна процедура.
Помешајте ги млекото, јајцата,растопениот путер и брашното,па додадете му прстофат сол.
Мешајте добро, да се соединат состојките.
Оставете го тестото да постои околу 30 минути пред да ги печете палачинките.
Во тавчето каде ќе ги печете нанесете масло,а потоа по една кутлачка од тестото .
Така печете ги сите палачинки превртувајќи ги од двете страни, да добијат убава светло кафена боја.
Палачинките се готови.
За филување одберете каков фил сакате.Јас го одбрав следниот.
200мл слатка павлака ја матиме со 1 кива.
Јас ја матев дирекно во нутрибулетот.
Добив убав густ киселкаст крем.Ги премачкав палачинките со убав слој,па им наредив сецкана кива,а на некои ставив сецкана банана.
Ги сервираме во чиниче па на површината повторно им ставаме од филот.
Затоа што се краситки си дозволив да ги декорирам со топчиња рибизли.
За прелив можете да искористите мед или агаве сируп.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А тањирчето потсеќа на грашок, па кога ја видов фотката си помислив дека се солени палачинките:):):):)Оптичка варка ми праиш:)
А тањирчето потсеќа на грашок, па кога ја видов фотката си помислив дека се солени палачинките:):):):)Оптичка варка ми праиш:)