Млади компири со чили-кари сос
Компирот е многу често застапен во нашите кујни, па зошто да не се експериментира малку и да имате едно поинакво вкусно јадење. Самостојно како ручек со свежа салата или како прилог со некое месо.
1. Изберете поситни компирчиња, количина доволна за сите членови на семејството. Со нож малку истругајте колку да се излупат, па ставете ги во поголем сад до ладна вода и сол и ставете на оган да се варат. Потребно им е околу 20-25мин. откако ќе зовријат.
2. За сосот. Кромидот ситно исецкајте го и заедно со протиснатото лукче ставете да се пржат во тава на оган. Кога убаво ќе се пропржат додадете ги сите зачини и промешајте да пуштат мирис. Потоа додадете го и брашното и измешајте и тоа да се запржи. Постепено додавајте од млекото и мешајте за да се разбијат грутките. На крај додадете ја и павлаката, зачинете со сол и бибер по вкус и оставете малку да прокрчка.
3. Во тава на оган ставете малку зејтин убаво да се загрее. Прецедете ги компирите и ставете ги во тавата малку да фатат боја. Додека се запржуваат зачинете ги со сол и бибер и други зачини по желба. Сервирајте топло.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани