Мини пици со ајвар и сирење
1. Од сите состојки се замесува тесто. Тестото се меси повеќе време додека да стане мазно и меко и да не се лепи за рацете. Откако тестото убаво ќе биде измесено се дели на 5 еднакви делови. Секој од деловите се меси уште некое време и сите делови се оставаат 10 минути на собна температура.
2. Потоа еден по еден дел се сука во голема кора, се премачкува со тенок слој путер, се премачкува со слој ајвар, се става од ренданото или дробеното сирење и кората се витка во форма на ролат. Добиениот ролат се сече на парчиња дебели околу 2 сантиметри, парчињата се превртуваат убаво се оформуваат и малку се сплескуваат.
3. Се редат во тава обложена со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце, на секое од нив се става по едно мало парченце путер и се печат на 220 ° Ц околу 20 минути додека да заруменат и да добијат убава боја.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани