Милички
Рецептот ми е од колешката Јасмина. Нејзината верзија беше само со пресно млеко, јас мојата ја направив со јогурт и кисела вода. Го правев за појадок и на домашните им се допадна. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Го направив и во „бела“ и во интегрална варијанта. За интегралната варијанта ставив 350 гр бело и 150 гр интегрално пченично брашно.
Ако ги правите со свеж квасец, ќе го ставите разматен со малку вода, 1 лажичка шеќер и 2-3 лажички од брашното да стаса.
Во еден сад се ставаат брашното и солта (и сувиот квасец, ако ја правите таа варијанта) и убаво се промешуваат. Во друг сад се разматуваат јајцето, јогуртот, киселата вода и зејтинот. Течноста се става во брашното и се замесува меко, дури сосем малку и лепливо тесто. Се остава половина час да стаса. Маргаринот (путерот) се топи во подлабоко лонче.
Огругло тавче бр. 26 се подмачкува со малку од топениот маргарин (путер). Со рака се вадат мали топчиња кои се обликиваат како вреќички, се потопуваат во лончето во истопениот маргарин (путер) и собраната страна од „вреќичката“ се става со долната страна во тавчето. Се редат така едно-додруго да се исполни убаво целото тавче. Се оставаат уште половина час да стасаат. Останатиот маргарин (путер) се премачкува-прелева преку миличките и се посипуваат со презла. Се печат во загреана рерна на 200 степени, оклу 30-40 минути, т.е. да поруменат убаво. Најдобро е 10-15 минути да бидат покриени со алуминиумска фолија и потоа фолијата да се извади.
По вадењето најдобро е да се покријат со платнена крпа малку да омекнат.
Ние си ги каснавме со малку сиренце и јогуртче!
Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови