24
мар
2021
Мешан мармалад од дуња и јаболко
1. Дуњите излупете ги и исецкајте ги на мали парчиња. Ставете малку вода колку да може да ги покриете со капак и да повријат на пареа да се поомекнат. Додадете ги и јаболките. Кога ќе бидат омекнати, ставете ги во блендер и убаво измиксајте.
2. Вратете во садот на оган и додадете го шеќерот. Размешајте да се спојат состојките, а и шеќерот да се растопи. Мешајте така околу 4 до 5 минути на тивок оган. Меѓувремено зачинете со циметот и румот.
Мармаладот ќе се згусне па веднаш соберете го во подготвени теглички.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови