Мермерни велигденски јајца
Идејава за декорирање на велигденски јајца ја видов по нетов минатата година. Ми се виде интересно и декоративно, па ја пробав.
Најпрво и најбитно во собата каде што ќе ги декорирате јајцата гледајте да имате добра вентилација за да не дојде до несакан ефект или загушување, бидејки времетраењето на декорирањето е мошне долго и притоа ќе користите голема доза на лак.
Затоа бидете внимателни и разотворете прозорци или врати.
Друго исто така битно водате во чашата не треба да е ладна, бидејќи ако е така лакот ќе падне на дното. Значи ако потоне температурата на водата не е како што треба.
Капнете неколку капки во различни бои од лаковите во водата. Потоа земете чепкалка и повлечете по површината на водата неколку пати за да добиете убав шарен, но неодреден дизајн.
Фатете го јајцето со два прста на краевите, така за да фаќате најмал дел од неговата површина. Потонете го во водата, задржете го кратко и извадете го. Ќе биде покриена половина од површината на јајцето. Ставете го јајцето на картон легнато на другата страна да се исуши.
Капнувајте од лаковите за секоја страна од јајцата, затоа што при секое мацнување на јајцето тоа ќе го прибира целиот лак што ќе го има во чашата. Гледајте да не претерате со капките, бидете умерени, за да не ви се направат грутчиња од лакот.
Јас така ги сушев околу 3 часа, па истата постапка ја правев и од другата страна на јајцата и повторно ги сушев 3 часа и од другата.
Совет
Следнитот пат кога ќе ги правам сигурно ќе бидат во помала доза, затоа што според мене се само декоративни, а за јадење не, се чувствува миризбата на лакот и не можат да се јадат, барем според мене и моиве домашни.
Повеќе се само за декорација, а за око се доста привлечни.
Остранувачот на лак ќе ви послужи за потоа да си ги исчистете рацете.
Лиценца: Сите права се задржани
inaku lakovite i vo ladna voda moze da se kapnuvaat bez da padnat na dnoto, sigurno ste stavile pogolema kapka, pa zatoa vi se slucilo toa :)) ova od iskustvo :))
super idea :)))