Мандарините се омилено овошје на многу деца и возрасни. Можат да се конзумираат самостојно, да се користат за подготовка на свежи овошни салати, смути. Поради содржината на голем број на витамини и минерали, редовната употреба на мандарини значително помага во подобрување на функционирањето на целиот организам.

Подготовка:

1. Мандарините и јаболкото ги лупиме, ги сецкаме на помали парчиња и ги ставаме во чашата на нутрибулетот.

2. Ги додаваме и урмите и водата. Изблендирајте ги сите состојки (по желба додадете мраз). Послужуваме веднаш.

Забелешка - Овојпат смутито беше за моите дечиња. Kога го правам за нас додавам плус ½ – 1 лажица рендан ѓумбир. Мандарините доколку сакате може да ги исцедите, и да го додадете само сокот од нив, или како во мојот случај да ги ставите цели.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани