Мала срце погача
Лична, мала погача е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, квасец и брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, путер, јогурт и половина изматена јајце.
Соединуваме со вилушка. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно, меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира. Уште еднаш го премесуваме и оставаме да стаса.
3. Потоа го делиме на 2 топки. Од првата топка сучиме танка правоаголна кора. Танко ја премачкуваме со растопен путер.
4. Ја сечиме на 6 парчиња. Ги поставуваме во калапот срце. Од остатокот на тесто, од две топки, правиме 9 мали топчиња . Ги расукуваме во мали коричиња. Ги редиме едно врз друго, преклопени, многу танко премачкани со путер, па ги завиткуваме како ролатче и ги сечиме на половина.
5. Ги ставаме меѓу парчињата сечен ролат. Од малку тесто кое ми остана во средината ставив мала, двојна плетенка која ја поставив на мал огноотпорен сад во средината. Оставаме на топло 30 минути.
Ја премачкуваме со изматена јајце.
6. Ја печиме во загреана рерна околу 30 минути да зарумени. Ја оставаме на решетка да се излади, па ја сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани