Макарони со шампињони и радикио
Ставете ги макароните да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете го путерот и малку маслиново масло.
Додајте ги шампињоните исечени на листови и сецканото лукче.
Пржете додека испари водата од печурките.
Потоа додајте го исецканото радикио и малку сол.
Пржете уште 1 минута.
Во тавата додајте ги сварените макарони, павлаката за готвење и малку од водата во која се вареле макароните.
Наросете црн бибер и убаво измешајте.
Послужете ги со наросување од пармезан.
Мало појаснување за радикиото, кое и не знам дали го има во Македонија, ама мислам дека би требало во поголемите маркети.
На изглед е како мало меко зелче со виолетова боја и горчлив вкус.
Ако не можете да најдете може да го замените со цикорија која исто е со горчлив вкус.
Обично ваквите горчливи лиснати зеленчуци одлично одат со павлака за готвење, ви препорачувам да пробате.
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку комбинацииве со тестенини ти се сите топ :)