
17
јун
2014
Макарони со сос од павлака
Макароните ги вариме.
Во посебен сад го пржиме меленото месо и оставаме ако има вода да изврие. Ги додаваме печурките и пропржуваме. Го додаваме кечапот, сол зачин и црн бибер.
На крајот ја ставаме павлаката и промешуваме убаво.
Лесно и вкусно.
Инаку вистинскиот рецепт е со шпагети, но кај мене децата повеќе ги јадат макароните (полесно им е ) па затоа го направив со макарони. Исто така можете да го правиот истиот рецепт и во огноотпорен сад, прво ги ставате шпагетите, сосот и пак одозгора останатите шпагети. Изрендајте кашкавал и ставете во рерна околу 15 минути. Така се уште поубави, јас брзав и гледав што побргу да ги направам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови