Летна каша
~ Подготовка ~
Пиперките се мијат, се сечкаат, се посолуваат, се запржуваат.
Доматите се мијат, им се лупи лушпата, се сечкаат, се ставаат во пиперките, се
пржат додека сокот кој ќе го пуштат се згусни.
Брашното се става и се пржи некое време, се дотура млака вода постепено, а
количината е од око, односно се додека кашата рамномерно се згусти, ни густа
ни многу ретка.
Лукчето (се изостава по желба) се сечка и се става во кашата.
Кашата се меша уште малку додека да се свари убаво брашното, а кога е готова се
трга настрана и се става исечканиот магдонос.
Ова е една идеја за брз летен старски ручек, иако посен истиот е превкусен.
Одлично оди со бело или биено сирење, лубеница, топло лебче и мераци ...
Лиценца: Сите права се задржани