Тесто од кое лебот е свеж, мек, како што знаеме да кажеме - Дише лебот...
Овој пат наместо леб си направив мали повеке на број лепчиња
 
- Сварете го измиениот компир во лушпа, сварен и малку подоладен колку да можете да го држите со рацете. Излупете и изрендајте на ситната страна на рендето или стиснете низ пресата која е наменета за него. Оставете настрана.
- Во 50 мл, вода растворете го квасецот, додајте го шеќерот и 1 лажица брашно, разматете и оставете да се запени, да нарасне.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, квасецот, малку измешајте го, додадете солта, компирот и со водата замесете тестото. Не ја ставајте одеднаш целата количина на вода, (зависи какво брашно користите). Треба да добиете убаво меко тесто, не лепливо на рацете. Покријте го и оставете на топло да стаса. Кога еднаш стасало - премесете го, покријте и повторно оставете да стаса.
- Од по втор пат стасано тестото направете леб, еден или два помали.. како сакате... (јас направив повеќе малецки), така што ке го истурите тестото на добро побрашнета површина ) со рацете растегнете го тестото во правоаголна форма и здиплете како плик. Ставете на побрашнето чаршавче, покријте и нека стаса.
- За печење изберете подлабок сад со капак, а и да нема користете фолија.
- Вклучете ја рерната на 250 степени да се загрее, а во неа ставете го садот и во кој ќе печете. Кога лебот е стасан, внимателно извадете го загреаниот сад, префрлете го лебот, поклопете со капакот или покријте со фолија. Ставете да се пече 25 минути по што ќе го отклопите садот и продолжете да печете на намалена температура од 200 степени околу 15 минути.
- Испечениот леб извадете од садот и ставете да се лади покриен на решетка.

Напомена
- Доколку сакате да имате две помали лепчиња, тогаш ќе печете во два сада, никако нема да згрешите ако печете само еден леб.
- Јас го поделив тестото на повеке малецки, ги оформив, ставив на побрашнето чаршавче да стасуваат, ставив да се пече во пекачот кој има капак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани