Ледена фантазија - овошен колач (без печење )
На почетокот пред да почнеме да го приготвуваме колачот, страницата на калапот ја обложуваме со најлонска фолија.
Во подлабок сад го ставаме ладното кафе, а потоа пишкотите една по една ги топиме и ги редиме на дното на калапот.
Киселата павлака ја матиме со маталка со 200 грама шеќер додека не се растопи шеќерот. Во него го додаваме желатинот кој претходно набабри па го растопивме на тивкона оган. Промешуваме.
Во друг сад со миксер ја матиме слатката павлака. Кога е добро изматена ја додаваме смесата со киселата павлака.
Соединуваме да се изедначи.
Подготвената смеса ја делиме на два дела.
Во едниот дел додаваме 120 грама мелени пишкоти и со шпатула ја изедначуваме. Потоа додаваме уште 80 гркршени бисквити па така соединетата смеса ја постиламе врз пишкотите во калапот.
Во другата половина од кремот додаваме околу 600грама замрзнато овошје. Јас ставив мешавина од шумско и јагоди, малини и капини.
Повторно со шпатула промешав, па и овој фил го префрлив во калапот. Израмнете и ставете во ладилник. Најдобро е од вечер да отстои.
Кога е добро стегната извадете од калапот отстранете најлонската фолија и декорирајте со изматен шлаг крем и рендана чоколада со лешници.
На здравје со оваа нежна и ледена фантазија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови