Лапа
Лапата е карактеристично јадење во Источна Македонија, односно во крајот каде што живеам јас. Кочански, Винички и Блатечки ориз, познати во светот, тоа е нашето бело злато.
Оризовите полиња како бисери светеа на сонцето, нива до нива, до бескрај наредени една до друга, полни со вода.
Лапата од дете знам дека е јадење на сиромашните, за да сега преставува и специјалитет. Оваа Лапа за мене е права времепловка, како деца одевме на плевење ориз, рачно се чистеа плевелите за да може оризот понатаму да го даде свој род како што умее и знае кога временските прилики ќе ги создадат сите предусловите за богат и квалитетен род. Лапата ретко каде на друго место да се спрема, се сретнува и под името Пудинг - најчесто кај муслиманите. За време на постите, Лапа обавезно се спрема, затоа јас како наш специјалитет ви го предлагам за Велигденските пости. Подготовката е сосема едноставна.
1. Афионовото семе се подпекува во тепсија.
2. Потоа се става во аван, се толчи се додека не го извлечете маслото од него односно додека не стане како масло.
3. Уфакот или белиот ориз измијте го, исцедете од водата.
4. Во едно тенџере се става вода и сол се стоплува до смлачување.
5. Потоа се става семето од афион, се разматува да не остане на грудчиња и нека се вари на потивок оган петнаесетина минути, сè додека семето не биде добро сварено. Потоа се додава уфакот и продолжуваат заедно се варат се до згуснување. Потоа поделете на порции или наједноставно исипете во единечен сад, нека олади и земајте ги лажиците. Превкусно е.
Забелешка
- При печењето на афионовото семе внимавајте да не го загорите - ќе горчи и не е за употреба.
- Пред да го ставите во водата можете и да го прво разматите со млака вода и да го додадете во тенџерето во која веќе почнува да врие водата.
- Количеството на состојките можете сами да си ги определите раководејки се од тоа како фамилијата сака да ја јаде.
- Можете да ја спремате и во обратен редослед, прво уфакот да се вари извесно време, по што ќе го додадете толчениот афион. Нема некоја битна разлика, единствено е важно да овозможите доволно време за варење на уфакот и афионот.
- Афионот можете да го толчите во аван, но ние имаме специјални алатки, ги викаме ДИБЕК е токму во него кога го толчиме или по нашки К'цаме афионот, тој знае навистина убава приказна да направи, свети, убава компактна смеса, леплива и прво што ќе направам кога ќе зацрпам е тоа што ќе ставам шекќер и јадам.
Ваков афион па со топло лепче...милина за јадење, мора да ми верувате дека е така.
Должам објаснување и што е тоа УФАК???
Лапа во нашиот крај се прави од уфак. Уфак е фактички кршен ориз кој се добива при биењето на оризот, лупењето. Во овој машински процес при делењето на оризовата лушпа доаѓа до кршење на оризот кој, таквото зрно веднаш се одделува од целото зрно и го користиме за спремање токму во веќе погоре напишаното. Но, ако немате уфак, секако дека можете да ја спремате со цело зрно ориз, како што јас вечерва направив бидејки немав уфак, немав доволно ниту толчен афион, а им притекна на моите блиски да јадеме Лапа, поради што и користев цело зрно бел ориз.
- да напоменам уште еден податок. Можете слободно да си направите на овој начин и да е благо, значи наместо сол, ставете шекер, но тогаш тоа не е ЛАПА туку Пудинг со афион
Лиценца: Сите права се задржани
Stom go spremam receptov ke prilozam slika..
Denovive nema uslovi, ama stom malku se oslobodam ke somelam, pa na procenka ke ti pokazam ovde. Ako recis deka e dobro, ke nastavam so receptot. Ako ne, makovnjaca ke bidi :))))
дека кој што седне го сЛАПува за час? :) :) :) :)
Многу интересна работа,кај нас пак Лапа е всушност зелка со ориз :)
еве, потпеков, мелев, мелев, мелев, го пцуев машинчето што е мало, мелев, мелев, пцуев .... :) :) :) :)
некако многу потемно ми испадна од твоето. го премелев или ?
дозата е таа што ја пишува.
не е ни битно. убаво, едноставно јадење. јас би му додала кајмак или сирење :)