Некаде на интернет ја најдов оваа убава рецепта за кростата.
Нам ни се допадна, пробајте ја и вие.

Од горе наведените состојки замесуваме тесто.
Тестото го ставаме во најлонска фолија па го префрламе во ладилник .
Нека постои околу 30 минути.
После 30 минути го вадиме тестото од ладилникот и вадиме мал дел од него кој ќе ни послужи за декорација.
Останатото тесто ќе го расплеснеме во садот каде ќе печеме.
Го премачкуваме со мармаладот од шумско овошје.
Од останатото тесто што го извадивме развлекуваме кора, а од кората лентички.
Ја покриваме кростата со лентите на растојание од 2 сантиметри.
Веднаш ја ставаме да се пече во загреана рерна на 160 степени.
Печете додека не зарумени .
Откако е готова, оставете ја да излади па служете.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови