Подготовка:

1. Путерот го матиме со шеќерот. Го додаваме јајцето, матиме убаво. Потоа постепено ги додаваме двата типа брашно и мешаме со дрвена лажица. Добиеното тесто го делиме на два дела и во најлонска фолија го ставаме во фрижидер, 2 часа.
2. Едното тесто го вадиме од фрижидер и на хартија за печење го расукуваме во тенка кора (5-6мм). Со помош на два калапи или садови (димензии 24цм и 12цм) пресекуваме и формираме прстен. Го отстрануваме вишокот тесто. Истата постапка ја повторуваме и со второто тесто. Пожелно е вака спремно тестото да отстои во фрижидер околу 30 минути пред печење.
3. Печеме на 180 степени 12-15 минути или додека да добие златна боја.
4. Во подлабок сад го матиме маскарпонето со шеќерот и ванилата. Во посебен сад ја матиме слатката павлака, па дел по дел ја додаваме во садот со маскарпоне.
5. Откако ќе се олади тестото, едниот прстен го поставуваме на чинија и со помош на шприц или кеса за декорација, нанесуваме половина од филот. Врз филот го поставуваме вториот прстен и нежно притискаме. Врз вториот прстен го додаваме остатокот од филот на истиот начин. Треба да отстои неколку часа во фрижидер пред да се сече. Се декорира по желба пред послужување.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани