Крем супа од печурки
Подготовка:
1.Кромидот и лукот ги сецкаме. Во вок тава на оган го ставаме маслиновото масло да се загрее. Ги додаваме сецканиот кромид и лук. Пржиме на средна температура. Шампињоните ги сецкаме и ги додаваме во тавата. Пржиме со повремено мешање. Го додаваме брашното, мешаме постојано со лажица, да не се направат грутки и го додаваме и белото вино. Ја додаваме солта и црниот пипер. Вок тавата ја поклопуваме со капак и оставаме 10тина минути да се вари.
2. Смесата ја префрламе во тенџере на оган. Коцката за супа ја раствораме во водата. Ја додаваме во тенџерето. Вариме 20тина минути. Ја додаваме павлаката, промешуваме. Смесата ја блендираме со рачен блендер. Го додаваме магдоносот. Вариме уште 5 минути.
3. Во тавче на оган, на малку маслиново масло, пржиме неколку исецкани шампињони. Крем супата ја сервираме со пржени печурки и исецкани печени лешници.
Лиценца: Сите права се задржани