Крем десерт во чаша
Многу лесен десерт за подготовка, а уште полесен за јадење.
1. Во чашите за послужување се ставаат по две пишкоти (кршени на половина) потопени во еспресото.
2. Слатката павлака се мати со миксер, откако ќе се згусне се додава кондензираното млеко и ванила екстарктот и се меша уште 2-3 минути. Така подготвениот крем се трга на страна.
3. Малините се ставаат во тенџере на оган заедно со шеќерот и кратко се промешуваат (само да се распаднат).
4. Во чашите со пишкоти се става од кремот, од малините па повторно од кремот.
5. Чашите се оствааат околу 30 минути во замрзнувач.
* Од оваа количина на состојки се добиваат 8 чаши од десертот.
* Кондензираното млеко му дава леснина на кремот, а малините даваат киселост и свежина на целиот десерт.
Лиценца: Сите права се задржани