Зеленчуците ги миеме и сецкаме. Компирите се сецкаат како за помфрит, печурките на листови, морковите на коцкички.
Во подлабока тава на загреана рингла ставаме масло, колку да се покрие целосно дното. Откако маслото ќе се загрее, ги додаваме сите зеленчуци и ги поклопуваме со капак.
Динстаме 10тина минути со повремено промешување.
Кога зеленчуците ќе се заруменат додаваме половина литар вода и повторно поклопуваме.
На средно-тивок оган се вари окулу 15тина минути додека водата не испари.
Кога зеленчуците се готови, ги тргаме од оган.
На страна го спремаме сосот. Чили сосот заедно со сите зачини го соединуваме додека не се добие хомогена смеса. Истиот го додаваме во компирите, добро промешуваме и поклопуваме. Оставаме 10тина минути компирите да ги примат аромите од зачините.

п.с - Вода може да се додаде, ако копмпирите се сеуште сурови.
- Чили сос може да се најде во секој подобро снабден маркер. Колку е посветол (попортокалов, толку е полут)

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови