Брза опција за здраво и вкусно заблажување за ненадејни гости. Ги направив со состојки кои ги имав во моментот дома, а се прават најмногу за пола час.

1. Овесните снегулки ги иситнуваме (во блендер или во електричен сецко).
2. Во длабок сад ја пасираме бананата со вилушка, го додаваме сокот и кората од портокалот, соединуваме.
3. Ги додаваме какаото, циметот и овесните снегулки. Заблажуваме по вкус со мед.
4. На крај додаваме кокос во доволна количина, за да може да се оформат бомбици (со намрсени раце).
5. Секоја бомбица малку ја сплескуваме, па во средината и правиме мала вдлабнатина и ставаме 1 зрно суво грозје.

Забелешка - Од оваа доза ми испаднаа околу 30-на колачиња (секое со тежина од околу 15 гр). Количината на кокос е по потреба, зависно од големината на портокалот и бананата. Портокалот претходно нека одстои во чаша со сода бикарбона.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани