Колач со вишни
Сезоната им е, мора барем еднаш да се направи нешто со нив
- Исчистете ги семките на вишните и оставете во цедалка да откапе сокот.
- Одделете ги жолчките и белките.
- Со миксер изработете ги одвоено белките во цврст снег додавајки постепено од шекерот. Посено изматете ги жолчките со ванилата.
- Во белката полека додадете ја смесата од жолчките и со шпатула внимателно измешајте, потоа додадете јогуртот и маслото, измешајте со шпатулата повторно. На крај додадете го брашното во кое сте измешале пецивото. Измешајте повторно со шпатулата и излијте ја вака добиената смеса во плех 35х20, одговара сосема во плех бр.30 кој или ќе го подмачкате со масло и побрашните или пак ставете хартија за печење. Врз смесата наредете ги вишните сосема лесно налегнувајки ги. Јас печев во големата ростер тава.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени првите 10 мин, а потоа намалете на 180 степени до целосно допекување кое лесно ќе го препознаете. Работивте лесно потемнуваат, колачот е печен.
Посипете го обилно со шеќер во прав.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани